Македонија
13. December 2017 - 8:44

Завршна конференција на проектот „Истражувачко новинарство - чувар на демократијата и човековите права“

Завршна конференција за проектот „Истражувачко новинарство - чувар на демократијата и човековите права“ ќе се одржи денеска во Скопје во организација на Центарот за управување со промени и Институтот за човекови права.

Проектот е финансиран од Европската унија и кофинансиран од британска Амбасада.

Конференцијата ќе ја отворат извршниот директор на Центарот за управување со промени, Неда Малеска Сачмароска, претседателот на Институтот за човекови права, Маргарита Цаца Николовска, претставникот на Делегацијата на ЕУ, Јаромир Левичек и заменик-шефот на мисијата на британската Амбасада, Пол Едвардс.