Живот
9. March 2017 - 9:43

Завршиле во затвор поради секс пред брак

Полицијата во Абу Даби ги уапси Ирина Нохај и Емлин Калвервел затоа што имале секс, а не биле во брак.
 
Како што објави лондонскиот весник „Дејли Мејл“, проблемот настанал кога Украинката Ирина отишла на лекар поради „грчеви во стомакот“, но било утврдено дека таа е бремена.
 
По пријава на лекарите, полицијата започнала истрага и утврдила дека Ирина е во врска со Јужноафриканецот Калвервел и дека „имаат секс, иако не се во брак“.
 
Тие се приведени, но против нив засега не е покренато официјално обвинение, бидејќи истрагата „се уште е во тек“.
 
Министерството за надворешни работи на Јужна Африка соопшти дека не може да им помогне на Калвервел и на неговата партнерка, затоа што „случајот е во надлежност на властите на Обединетите Арапски Емирати (ОАЕ)“.
 
Сексот пред брак е забранет во ОАЕ, а на прекршителите на оваа забрана им се заканува затворска казна во траење до една година и доколку се странци може да бидат протерани од земјата.