Заврши првата рунда преговори меѓу Украина и Русија со посредство на САД во Абу Даби

Руски, украински и американски претставници се сретнаа вчера во Абу Даби за прв пат во овој формат за да ги разгледаат за условите за завршување на четиригодишната војна во Украина, бидејќи Москва продолжува да инсистира Киев да ги повлече своите сили од Донбас, јавија светските агенции.
Според украинскиот претседател Володимир Зеленски, спорното прашање за територијата останува главна пречка за постигнување договор во овие разговори, кои треба да продолжат денеска.
Ова се првите директни разговори меѓу Москва и Киев за американскиот план за завршување на војната, која однесе десетици илјади животи од 2022 година.
Според украинскиот главен преговарач Рустем Умеров, разговорите се фокусирале „на условите за завршување на војната поставени од Русија и на логичните следни чекори во процесот на преговори, насочени кон достоинствен и траен мир“.
„За сабота се планирани повеќе состаноци“, додаде синоќа Умеров.
Руската делегација ја предводи генерал Игор Костјуков, шеф на руското воено разузнавање. Вашингтон е претставен од специјалниот пратеник Стив Виткоф и Џаред Кушнер, зет на американскиот претседател Доналд Трамп.
Преговорите се одржуваат во услови на сложена ситуација за Украина, чија енергетска мрежа е сериозно оштетена од серија руски напади што предизвикаа прекини на електричната енергија и греењето.
МИА
Ново на Сител
-

Повеќе од една година на незапирлив раст: Како НАН го трансформираше пазарот за наплата на побарувања во Македонија
-

АХВ: Спорната бебешка храна на HiPP не е увезена во Македонија
-

Сведок на судењето за „Пулс“: Се заглавив меѓу вратите, обезбедувањето ме извлече во последен момент
-

Бројот имигранти во ЕУ достигнал рекордни 64,2 милиони
-

Автобус се преврте на патот кон бугарско-турската граница кај Мало Трново, има загинати и повредени
-

Зголемена стапката на даночно затајување во Грција – на прво место автосервисите
-

Воени планери во Лондон на разговори за мисија во Ормуската Теснина
-

Вембањама доживеа потрес на мозокот во натпревар од плејофот на НБА
