Заврши осмиот круг преговори меѓу САД и талибанците за крај на војната во Авганистан
Портпарол на талибанците соопшти за крај на осмиот круг преговори со САД за договор за крај на 18-годишната војна во Авганистан. Тој рече дека сега претстојат консултации на преговарачките страни со лидерите за прецизирање следни чекори.
Забихула Муџахид ги оквалификува преговорите што завршија по полноќ во Доха како корисни.
Претходно, американски претставник посочи дека на тој круг ќе се разговара за технички детали и механизми за почитување на идниот договор.
Друг портапрол на талибанците најави минатата недела дека во крајот на тие разговори ќе има договор.
Се очекува договорот да содржи гаранции од страна на бунтовниците дека Авганистан нема да биде база за други екстремистички групи за подготвување напади во странство. Можен е и прекин на воените акции и преговори на талибанците со други авганистански претставници и покрај тоа што тие одбиваат разговори со авганистанската влада.
Ново на Сител
-
Се уште нема трага од двегодишната Данка, потрагата продолжува
-
Индустриското производство во февруари зголемено за 0,3 отсто
-
ДЗС: Струјата во второто полугодие лани поскапела за 8,2 отсто
-
СДСМ: Нема ништо ново во понудата на ВМРО-ДПМНЕ
-
И Италија ќе го чува македонското небо
-
Објавен конкурсот за уписи во средно училиште
-
Битолчанка пронашла граната додека копала нива
-
До вторник сончево и топло до 29 степени