-->
-->
Заврши Балканското првенство во одбојка на песок Скопје 2017
-->
На терените на „Градска плажа“ покрај реката Вардар во Скопје синоќа заврши Балкансјиот шампионат во одбојка на песок за играчи до 22 години во машка и во женска конкуренција. Првото место кај мажите го освои Бугарија 1, додека во женска конкуренција прва беше селекцијата на Србија.
Во финалниот натпревар кај мажите Бугарија 1 (Димитар Калчев и Георги Стојанов) го победија тимот Молдавија 1 (Евгени Пападиул и Михаил Лузуол) со 2-1 во сетови (21:18; 15:21 и 15:11). Третото место го освои тимот на Романија (Лауреан Крисен и Лусиан Бадичеану).
Кај жените во финалето Србија (Милица Бјелански и Анџела Ељсан-Јосиќ) ги победија Молдавија 1 (Марија Иџиов и Елисавета Суслова) со 2-1 во сетови (21:18; 20:22 и 18:16). Третото место го освои тимот на Косово (Валмира Рамадани и Ерона Махмути).
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Пожар зафати куќа во неготинско Долни Дисан
-
Врховен задутре ќе одржи јавна седница по жалбата на таткото на Вања против мерката притвор
-
Минималната синдикална кошница за април 60.212 денари, зголемена за 1.214 денари во однос на март
-
Цената на лебот засега е стабилна и нема да се менува, велат од Агро-бизнис комората при ССК
-
МВР, ЈО и АНБ комплетно подготвени за претстојните претседателски избори
-
Инаугурацијата на Путин ќе се одржи на 7 мај
-
Шојгу: Русија ќе ги интензивира нападите врз складишта со западно оружје во Украина
-
Просечната плата во февруари изнесува 39.276 денари