-->
-->
Зависници од секс: Во овие земји мажите највеќе трошат на проститутки
-->
Најстариот занает во светот легален е во голем број земји. Му се допаѓа тоа на некој или не, проституцијата односно плаќањето за сексуални усклуги е распространета ширум светот без разлика дали е легална или не.
Од 196 службени признати земји на светот, проституцијата е легална во повеќе од 50, но тоа не ги спречува државите како Јужна Кореја, каде е незаконска, да биде меѓу првите десет земји во кои се трошат најмногу пари на проститутки по глава на жител.
Податоците се темелат на проценета вредност на пазарот во земјите во кои може да се дојде до приходите од проституција, па се користат програми на јавно здравство и полициска иницијатива за да се дојде до месечната проституција.
Иако Кинезите трошат убедливо најмногу на проституција, неверојатни 73 милијарди долари, Шпанија е на врвот кога се гледа по глава на жител, со 372 долари по маж.
Еве го и пописот на првите 10 земји, односно колку секој маж во просекот годишно троши на проститутки.
1. Шпанија - 372 долари
2. Швајцарија - 291 долар
3. Јужна Кореја - 165 долари
4. Германија - 151 долар
5. Јапонија - 128 долари
6. Бугарија - 122 долари
7. Тајланд - 63 долари
8. Тајван - 53 долари
9. Ирска - 45 долари
10. Израел - 42 долари
Приходите од проституцијата ширум светот годишно изнесуваат околу 186 милијарди долари.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Лишени од слобода разбојници од Арачиново
-
„Воздух, здравје и ништо помалку“: Граѓаните маршираа за чист воздух
-
Преку безбедносни служби до вечна власт | Павле Трајанов | Неформално | Sitel Podcast 074
-
Собранието го донесе државниот Буџет за 2025 година
-
Извлечени четвртфиналните двојки во фудбалскиот Куп на Македонија
-
Приведен поранешниот директор на АД ЕСМ Васко Стефановски
-
Влада: Се замрзнуваат платите на избраните и именуваните лица
-
Приведени двајца жители на Арачиново кои со закана одзеле пари и мобилен телефон