Македонија
22. March 2019 - 11:28

Заварувал ограда па предизвикал пожар на Зајчев Рид

На „Зајчев рид“, во близина на Хидрометеоролошкиот завод, вчера било пријавено дека горела сува трева и нискостеблеста шума, а пожарот го предизвикал 78-годишниот Р.Ѓ. кој на местото заварувал ограда.

Во разговор со полициските службеници тој појаснил дека при заварување на оградата, од искрите настанал пожарот, кој тој не успеал да го изгасне.

Се работи на случајот.