Свет
8. January 2016 - 15:10

Затворски казни за двајца француски џихадисти

Кривичниот суд од Париз осуди две лица на казни затвор од шест и 10 години, затоа што во 2014 година заминале да војуваат во Сирија.

Едниот од нив се вратил во Франција неколку месеци подоцна, додека другиот станал активен член на џихадистичката група Исламска држава.

Како што јави дописникот на МИА од Париз, Обвинителството за првообвинетиот Закарија Шадили, кој се врати во Франција и изразил желба повторно да се „вклучи во општеството“, бараше седум години затвор. додека за второобвинетиот Зијед Суиед, кој беше суден во отсуство, баранта казна беше десет години.