-->
-->
Затворски казни до десет години за четворица ирански новинари
-->
Ирански суд денеска осуди четворица новинари на затворска казна во траење од пет до 10 години откако биле прогласени за виновни за активности против националната безбедност.
Според Иранската телевизија, новинарите имаат право на жалба. Четворицата новинари кои се залагаат за реформи на иранската држава и општество, беа успени во ноември во рамки на полициска акција поттикната од политичари.
Акцијата ја критикуваше дури и претседателот на Иран, хасан Рохани кој застапува умерена политика. Уапсените работеле за различни весници, меѓу кои и прореформскиот дневен весник Фахриктеген.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Руски воен репортер загина во Украина
-
Претрес во Свети Николе, пронајдена дрога
-
Пожари на диви депонии во Желино и Боговиње
-
Приведен дилер во Охрид, пронајдена дрога
-
Вучиќ-О'Брајан: Различни ставови по прашањата за Косово и Сребреница
-
Шест деца и тројца возрасни загинаа во израелски напад во Рафа
-
Во вторник предизборен молк
-
СПМ поднесе кривична против поранешниот министер за внатрешни работи и други три лица за несовесно работење