Македонија
13. December 2017 - 9:32

Затвореник им се предаде на властите по 20 години поминати во бегство

Затвореникот Гасан Салех (66), кој пред 20 години успеал да побегне од федералниот затвор во американската сојузна држава Пенсилванија, им се предаде на властите во САД.

Салех е уапсен при влез во САД од неговата родна земја Либан, при што на полицијата и изјавил дека знаел оти се наоѓа на листата на барани лица и свесно решил да се врати назад за да го уапсат.

Затвореникот побегнал од затворот во близина на Бредфорд во 1997 година додека работел на терен. До тогаш тој веќе отслужил шест години од неговата затворска казна.

Салех.