Loading Video...
Фудбал
25. May 2018 - 15:40

Заседа за фановите на Ливерпул во Киев!!!

Киев каде во сабота се игра финалето од Лигата на шампионите се покажа како негостопримлив за фановите на Ливерпул откако хулигани ги нападнале фановите на англискиот тим во близина на Олимпискиот стадио по што очевидци потресени од случката изјавиле дека хајката наликувала како кога напаѓа „глутница на кучиња“.
Уплашените фанови веднаш се сокриле во  еден ресторан во близина на стадионот, користејќи ги столчињата како заштита за да се заштитат од хулиганите. 
„Не бркаа со скршени шишиња, фрлаа по нас со столици. Повредија неколкумина. Беше застрашувачки“, рекол 50-годишен фан кој неколку часа претходно слетал во Киев.
Според полицијата приведени се неколку од хулиганите но и фанови на Ливерпул по што ќе следи официјално соопштение. 
Украина е позната по екстремните навивачки групи кои немаат милост кон никого па очигледно ни кон фановите на европските гигнати Реал и Ливерпул кои добија по 16.000 влезници за финалето на ЛШ.