Македонија
25. October 2019 - 15:31

Засадени грмушки околу инклузивното игралиште во населбата Влае

На просторот од почетокот на инклузивното игралиште во населбата Влае 2, до платото „Делфина“, денеска се засадени нови, ниско украсни грмушки од типот „Buxus“ и „Juniperus“, информираат од општината Карпош.

Новото зеленило, како што се посочува, го опкружува целото инклузивно игралиште кое е со намена да овозможи рекреација и за децата со попреченост. Исто така, со цел да се обезбеди поголема безбедност на најмладите, локалната самоуправа околу него постави и заштитна ограда.

Тоа е уште една зона за рекреација, наменета за најмладите и нивните родители, баби и дедовци. Локалната самоуправа се стреми да ги облагородува јавните површини, да создава катчиња кои ќе го поттикнуваат меѓугенерацискиот соживот и дружба. Неодамна, нов детски парк се направи и во Криви Дол, а тековно се санираат и постоечките детски игралишта, наведуваат од општината и повикуваат на правилно користење реквизитите на сите игралишта, како и да се води сметка за заштита на животната средина и урбаната опрема (клупите и корпите за отпадоци).