Заради патолошка љубомора, бремена жена го убила партнерот пред трите деца
Во Копривница во Хрватска денеска е убиен 46-годишен маж, татко на три малолетни деца. Прва осомничена е неговата невенчана сопруга.
Според досегашните сознанија и пишувањата во хрватските медиуми, но и сведоштва на соседи, жената ја заклучила влезната врата и пред очи на децата го нападнала со нож сопругот, нанесувајќи му смртоносни убоди.
Нивната врска не била стабилна, таа пред извесно време го напуштила, но потоа се вратила со детето од првиот брак, а и самата бремена од сега починатиот Дејан Свилар.
Случајот во полиција го пријавило најмалото дете на убиениот.
Жената не сакала да ја пушти полицијата кога пристигнала, па тие морале да провалат во куќата, каде ги дочекала страшна сцена на злосторството.
Осомничената има 28 години и во прв момент е префрлена на психијатрискиот оддел во општата болница во Копривница, а по сите лекарски прегледи ќе биде пренесена во затворската болница во Загреб, каде ќе биде под постојан полициски надзор, дури и при породувањето.
Биолошките деца на убиениот сега се згрижени кај неговиот брат, кој најверојатно ќе го добие и старателството врз нив. Не се знае што ќе се случува со биолошкото дете на жената.
Според неофицијални информации, мотив за ова убиство е патолошка љубомора.
Ново на Сител
-
Неврохирург со амбиција за промени во општеството | Венко Филипче | Неформално | Sitel Podcast 028
-
Вработена во битолско средно училиште нападната од колешка
-
Поради одржување предизборни митинзи в сабота и недела изменет режим на сообраќај во Скопје
-
Во општините Дебар и Центар Жупа повеќе гласачи од жители
-
Тепачка помеѓу две колешки во средно училиште во Битола
-
Вчера пријавени два различни случаи на физичко насилство на Бит Пазар
-
Приведени сопружници од Скопје
-
Во Прилепско во тек се теренски акции за имунизација