Loading Video...
Ракомет
6. December 2018 - 14:28

Започнува втората фаза на ЕП за ракометарки

Со два натпревари, кои ќе  се играат вечерва, започнува втората фаза на женскиот Европски ракометен шампионат што се одржува во Франција. 
 
Од 18 часот стартува дуелот меѓу домаќинот и актуелен светски првак Франција и селекцијата на  Данска. 
 
Тоа е прв меч од четвртфиналната група 1 во која вечерва (21 часот) ќе играат Шведска и Црна Гора. 
 
Во оваа конкуренција се и олимпискиот шампион Русија и селекцијата на Србија кои својот натпревар од 1.коло ќе го играат во петок
 
Во втората група ќе разигруваат: Шпанија ,  Германија, Унгарија , Норвешка, Холандија и Романија 
 
Потсетување, дека по оваа фаза двете првопласирани селекции ќе обезбедат пласман во полуфиналето, а со тоа и можност да се борат за шампионскиот трофеј.