Македонија
3. October 2018 - 18:15

Започна изградбата на стационар во Струмица

Почна изградбата на стационарот за кучиња скитници во Струмица. Ова е првото  од вкупно двете прифатилишта кои ќе го покриваат подрачјето на десетте општини од Југоистокот на државата и преку кои ќе се решава проблемот со бездомните животни, посебно на кучињата скитници. Стационарот во Стрмица ќе има 40 бокса и ќе ги покрива четирите општини од микро регионот Струмица  плус Конче и Радовиш. Проектот се реализира преку Центарот за развој на Југоисточниот плански регион, но со заедничка одлука на сите десет градоначалници кои токму овој проблем го имаат утврдено како прв приоритет за решавање.

,, Еден важен проблем ќе биде решен во нашата општина  и во целиот Југоисточен регион. Ова е една инвестиција која чини некаде околу 20 милиони денари во почетокот, во првата фаза. Веќе имаме обезбедено еден грант и од Швајцарската влада и од УНДП. ,, рече КОСТА ЈАНЕВСКИ – ГРАДОНАЧАЛНИК НА ОПШТИНА СТРУМИЦА

Покрај поддршката од два милиони денари за опремување на прифатилиштата проектот од странана УНДП добива дополнителна помош преку изработка на студија која треба помогне околу изборот на моделот по кој ќе работат стационарите.

,, Да се изнајде најдобриот модел со кој овие стационари ќе ги направи одржливи. Така ќе биде одредено дали  тоа ќе работи како јавно приватно партнерство, како регионално претпријатие или пак ќе биде во склоп на комуналните претпријатија.,, вели ЖУЛИЕТА ЃУРКОВА- ЦЕНТАР ЗА РАЗВОЈ НА ЈИ РЕГИОН

Освен во Струмица наскоро ќе започне реализацијата  и на вториот стационар кој ќе се гради на територијата на општина Гевгелија, а  ќе ги покрива и општините  Валандово Дојран и Богданци. Изградбата  и на двата стационари треба да заврши за пет месеци.