Бизнис
22. December 2015 - 20:19

Започна акцијата „Се бориме за секое работно место“

Почна акцијата се бориме за секое работно место. Преку форуми за работодавачи  кои ќе се организираат  во сите општини ќе се собираат информации од фирмите за слободните работни со кои располагаат.  Податоците потоа ќе им бидат презентирани на сите невработени лица.

Активните баратели на работа , ќе бидат информирани  за сите обуки, грантови, мерки за самовработување  кои ги нуди агенцијата. Работодавачите пак ќе имаат можност да ги разгледаат професиите кои се нудат на пазарот на трудот. Мотивот за овој проект доаѓа по успешноста на претходните мерки за вработувње кои помогнаа стапката на невработеност во третиот квартал годинава да паден на 25 отсто.  

Во АВРМ досега се регистрирани  близу 5.000 слободни работни места. Околу 1000  се отворени во домашните и странските фирми кои почнуваат со работа, а  потреба од кадар има и во фирмите кои се  вклучени во капиталните проекти кои се градат во земјава.

Досега само со поволностите од Македонија вработува до работно место дошле 10.700 лица. Со оперативниот план  за наредната година во кои се вклучени 28 мерки , се очекува да бидат реазлирани близу 9.000 нови вработувања.