Македонија
24. May 2022 - 13:33

Запленети над 1100 метри мрежа и околу 100 килограми риба во Преспанското езеро

На 24.05.2022 година во периодот од 00.20 до 07.00 часот во координирана акција на полициски службеници од Мобилната единица за компензаторни мерки при ОГРМ, БЈБ во соработка со Државниот инспекторат за земјоделие и концесионерот на езерото во водите на Преспанското езеро се пронајдени 22 рибарски мрежи во вкупна должина од околу 1100 метри, со околу 100 кг улов.

Мрежите и уловот се подигнати и предадени на Државниот инспекторат за земјоделие за понатамошна постапка.