-->
-->
Запленета 60 килограми марихуана на преминот Ќафасан - три лица уапсени
-->
Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал и Одделот за криминалистичка полиција, со поддршка на ОСПО, во рамки на зголемените активности на Министерството за внатрешни работи во делот на спречување на недозволената трговија со дрога, пресече уште еден меѓународен канал за недозволена трговија со марихуана, при што заплени околу 60 килограми марихуана и од слобода лиши три лица, албански државјани.
На 22.12.2018 година во 01,40 часот на магистрален пат Струга-Ќафасан во близина на с. Франгово, при вршење контрола затекнати се три лица К.Г. ( 56), Е. Ч. (24) и Н. Х. (40) од Прењас, Република Албанија, кои преку зелената граница по илегален пат од територија на Албанија до Македонија ја пренесувале марихуаната. Од страна на полициски службеници извршен е преглед на лицата и кај нив се пронајдени и одземени седум вреќи во кои имало 14 полиетиленски пакувања со марихуана.
Во текот на денешниот ден против овие лица ќе биде поднесена кривична пријава до ОЈО Струга за сторено кривично дело - „неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори” по член 215 ст.1 од Кривичниот законик на Р.Македонија.
Во врска со овој случај портпаролот на МВР Тони Ангеловски во прес салата на МВР во 14:30 часот ќе даде изјава за медиумите.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
ЈСП Скопје: Можни се технички проблеми при валидирање со телефон или апликацијата „Скопска“
-
Ангелов: Би работел за СДСМ но за плата од 5000 евра
-
МЗШВ: Лозарите добиваат гарантирана откупна цена на винското грозје
-
Македонија и 11 членки на НАТО ја зајакнуваат соработката за обука на воени пилоти
-
ССМ на 2 април на протест поради одлуката на Врховниот суд, ќе протестира и на 1 мај
-
Полицајци спроведуваат политичка кампања, училиште претворено во штаб на ДУИ
-
Приведено уште едно лице за убиството на докторот во Железара
-
Вработените во здравството најавуваат протест на 8 април