Запален автомобилот на јавен обвинител
Со експлозивна направа вчера околу 19 часот е предизвикан пожар во помошна просторија од семејна куќа на јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Кичево, информираат од Обвинителството.
-Експлозијата оштетила патничко моторно возило „Сеат леон“ кое било паркирано во просторијата и е во сопственост на јавниот обвинител. Пред повеќе од еден месец, гумите на истото возило беа со нож исечени од непознато лице. Основното јавно обвинителство Кичево со екипа од Министерството за внатрешни работи изврши увид на местото на настанот, информираат од Обвинителството.
Издадени се наредби за подигање примероци од експлозивната материја која е предадена на вештачење. Обвинителството врши проверка и на видео записите од камери поставени на околните објекти. Се преземаат дејствија во континуитет за целосно расчистување на настанот и пронаоѓање на сторителот.
Ново на Сител
-
Пронајдена дрога во Охрид, приведено едно лице
-
Претреси во Скопје, пронајдени дрога, оружје и муниција
-
2164 сообраќајни прекршоци изминатите три дена на територија на цела држава
-
Буџетот на Србија во дефицит од 665 милиони евра
-
Си: Белорусија е вистински пријател на Кина
-
Соработката меѓу македонската и грчката полиција во фокусот на средбата Малиос – Јанев во Атина
-
Приведен 65-годишен скопјанец за поседување пиротехника без документација
-
Во Кисела Вода почна Skopje Street Food Festival – #Burgerology vol. 2