Loading Video...
Фудбал
27. September 2018 - 18:08

„Замина“ фудбалска легенда Благоја Истатов

Во 71.година од животот денеска почина легендарниот македонски голман Благоја Истатов 

Истатов целиот свој живот го посвети на фудбалот. Почнувајќи ја кариерата во негов матичен клуб Беласица, па настапувајќи за прилепска Победа, ѕвездените моменти во кариерата ги имаше во белградски Партизан и екипата на Утрехт од Холандија.

Истатов беше дел и од репрезентацијата на поранешната Југославија.

По завршувањето на фудбалската кариерата тој целосно се посвети на тренерската работа, несебично пренесувајќи го целото свое знаење и стекната искуство на помладите. 

Во еден период Истатов работеше со голманите од македонската репрезентација, а потоа се вклучи во работата на ФФМ како член на Управниот одбор.

Комеморацијата за Благој Истатов е предвидена за утре во 11 часот во Домот на културата во Струмица, а погребот ќе се одржи во 14 часот.