Живот
18. November 2016 - 14:07

Залепете го ова на задното светло и никој зад вас нема да смее да вклучи долги светла!

На возачите во Кина очиглено им здосадиле оние кои ги злоупотребуваат долгите светла па се одлучиле да им возвратат на прилично опасен начин.

Покрај тоа што е незаконско секогаш иритира кога од ретровизорот ќе ви осветли друго светло од автомобилот зад вас.

За да стават крај на ова, Кинезите почнале да продаваат морничави налепници за задните стакла.

Произведувачот тврди дека духови, громови и други чудовишта се појавуваат кога ќе се осветлат налепниците.

Секако оваа идеја не и се допаднала на полицијата, па ги казнуваат возачите кои ги лепат овие налепници, прашање на време е кога таков "дух" ќе исплаши возач и ќе предзивика несреќа.

Произведувачот тврди дека се гледаат само кога ќе бидат осветлени со долги светла. Кинезите ги купуваат како луди без разлика на казните а цените за овие налепници се движи од 3 до 18 долари.