Македонија
4. July 2020 - 16:30

Закрепнува пациентот на кој му беше трансплантирано срце

Сам во болничка соба под постојан надзор на медицински лица...Иван Огњановски го живее својот втор живот. Овој 54-годишен скопјанец е првиот пациент што доби срце од починат донор. Во градите на Иван повеќе од 40 дена чука срцето на Емилија Динева, чие семејство и покрај големата загуба одлучи да спасИ човечки живот. Секој ден на ехо ги слуша отчукувањата.

 -Тоа го гледам скоро секој ден..На ехо ме ставаат слушам дека не е пластика или некоја играчка, вели Иван Огњановски.

Единствен спас за Иван била трансплантација на срце. Пред да биде изведена оваа сложена интервенција, му се слошило и се разбудил во болница. Знаел дека е прв пациент на кого ќе работи бројниот медицински тим, но му верувал на кардиохирургот Јовев дека ќе успеат.

-Др. Јовев ме предупреди..нема мрдање нигде, денес ќе го добиеш срцето. Беше решен дека ова ќе успее, вели Иван.

-За моментот кога се разбуди, кога свати дека операцијата завршила?

Да ви кажам уште не бев свесен дека сум опериран. Малку потешко, кога почнав да ги правам првите чекори видов дека тоа било тешка операција, не дамо легни стани и оди си, вели Иван.

На кардиохирургија Иван вели дека се чуствува безбеден, сигурен и како да е дома.

-Има три сестри, Маријана, Елена и Бојана тие се 24 часа со мене, се менуваат...вели Иван.

Иван има една голема желба кога ќе излезе од болница.

Благодарност на семејството Диневи. Кога ќе оздравам сакам да се запознаам со нив. Јас сум член на нивното семејство.

Хируршката интервенција почна на 22 мај ноќта...заврши на 23 во раните утрински часови...Во кардиохирургија беа собрани и државно и приватно здравство. Околу 200 лица учествуваа во процесот со кој ја испишаа историјата во македонското здравство а сите претходни подготовки ги направи тимот на националниот координатор за трансплантација каде се 5 жени.

 -Ние знаевме но требаше и да покажеме. Се помина добро, тој сега е добар, ќе го пуштиме дома но ќе мора да ја зема терапијата, ќе го следиме постојано, вели проф. Др. Сашко Јовев директор на Клиника за државна кардиохирургија.

Преку примерот на Огњановски, кардиохирурзите сакаат да ја подигнат свеста за органодаритерлството во нашата земја.

-По повеќе од 40 дена поминати на клиника, наредната недела Иван огњановски ќе ја напушти државната кардиохирургија и ќе си замине дома во добра здравствена состојба.

Иван го оставивме во болничката соба со број 1, каде вели дека е безбеден и опкружен со медицинскиот персонал.

Довидување да сме живи и здрави...