Македонија
24. January 2018 - 17:00

Захариева: Македонија може да почне преговори за членство во ЕУ до јули

Бугарската министерка за надворешни работи апелира за поголема присутност и анагажираност на ЕУ во земјите на Западен  Балканот за да се се спречи влијанието на други странски фактори во регионот.  Захариева зборуваше  за ситуацијата во секоја од државите  одделно, при што за Македонија потенцираше дека е реално преговорите за членство во Унијата да почнат до јули, за време на пресдавањето на Бугарија со ЕУ.

Захариева потврди дека Западен Балкан е најважен приоритет на шестомесечното бугарско претседателство со ЕУ. Таа пред надворешно политичкиот комитет на Европскиот парламент, истакна дека  безбедноста и стабилноста на  регионот е од суштинска важност за цела Европа.