Македонија
10. December 2018 - 19:26

Захариева бара реализација на договорот со Софија, Кумуцакос најавува нов договор со Скопје

Бугарката министерка за  надворешни работи  од Брисел порача дека МАкедонија  мора  да ги испочитува обврските од Догворот за добрососедство пред да стане членка на НАТО и да ги почне преговорите со  ЕУ.  Захариева бара резултати  од работата на заедничката македонско бугарска комисија за историси и образовни прашања , како услов земјата да продолжи на патот кон Унијата.

Захариева ова прашање го покренала и на министерскиот состанок на ЕУ, на која тема бил и регионот на Западниот Балкан. Нејзиниот аргумент бил дека  ниедна земја не може да влезе во Унија ако има отворени прашања и проблеми со своите соседи.

И додека Софија бара од Македонија да ги заврши своите обврски од Догворот за добрососедство, во Атина опозицијата бара нов дил за името.   Одгворниот за надворешна политика во Нова Демократија, Кумуцакос, порачува дека неговата партија нема да гласа за преспанскиот документ, а во случај тој да не помине во парламентот же се бара ново решение.

Ова отвора само еден пат: нови преговори. За решение заемно прифатливо и цврсто. Што целосно ќе му служи на националниот интерес. Договор ослободен од секаков елемент што го одржува и храни историски неточниот иредентизам на Скопје и опасниот национализам на различни екстремни кругови.

 Добро знаеме дека таквите преговори ќе бидат исклучително тешки. Ќе се водат во неповолна меѓународна средина и ќе бидат оптоварени од претходното од Договорот од Преспа. Од она што не само што беше разговарано, туку и договорено од владата во заминување на СИРИЗА и Независни Грци.