Македонија
4. November 2016 - 12:35

Загина тракторист во Крушево, падна со тракторот во провалија

Вчера околу 11.00 часот во атар на с.Свето Митрани, крушевско, на м.в.Котлина, трактор „ИМТ 533“, управуван од И.К. (79) од истото село, се превртел и паднал во дол длабок околу неколку метри.
 
Од здобиените повреди на местото на настанот починал возачот на тракторот И.К.
 
Јавен обвинител и увидна екипа од НККР Крушево извршиле увид на местото на настанот.
 
Телото на починатиот е предадено на семејството за погреб.