Македонија
9. October 2019 - 10:35

Загина тракторист кај неготинско Тимјаник

Вчера во 18.00 часот во Полициската станица Неготино било пријавено дека во периодот од 17.00 до 17.30 часот, додека З.С.(45) од Неготино вршел земјоделски работи со трактор на нива во атарот на с.Тимјаник, неготинско, тракторот се превртел и З.С. починал.

Лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт, а по наредба на Јавен обвинител телото на починатиот било предадено на семејството.

Увид на местото на несреќата извршила екипа од Полициската станица Неготино.