Свет
18. September 2015 - 11:19

Загина мигрант од струен удар во тунелот под Ла Манш

Еден мигрант почина од струен удар синоќа во тунелот под Ла Манш при обидот да влезе во вагонот, соопшти префектурата на Па-де-Кале, јавува дописникот на МИА од Париз.

- Малку пред полноќ мигрант, веројатно сириски државјанин, беше пронајден мртов под товарниот вагон на влезот од тунелот под каналот Ла Манш, соопшти префектурата.

Ова е десетти имигрант кој го губи животот од 26-ти јуни во Кале и неговата околина, во обид да стигнат во Велика Британија, според официјалните извори. Овој датум се совпаѓа со почетокот на кризата на миграција во Кале и првиот смртен случај на еден етиопски имигрант на местото на каналот Ла Манш.

Еуростар од своја страна назначи дека оваа драма немаше никакво влијание на сообраќајот, од компанијата најавуваат дека овој викенд сообраќајот ќе биде многу важно со почетокот вечерва на Светското првенство во рагби во Англија, каде се очекуваат и илјадници фанови во Лондон на средбата меѓу Италија-Франција, која се игра на Твикенам. Според извори блиски до истрагата, не дојде до прекин во сообраќајот, бидејќи карго вагонот се наоѓал на споредна линија.

Евротунел ја потврдеи информацијата и го повтори својот повик до илегалците да не се обидуваат да се качуваат во вагоните кои се во движење, кои дозволуваат за 35 минути да се најдат од Па-де-Кале во Фокестон -Англија.

"Ние жалиме за овој настан, кој уште еднаш докажа дека секој обид за илегално преминување на Каналот повлекува значителни ризици", изјави портпаролот на Евротунел. тг/10:53