Заев за поканата за НАТО: Радувај се Македонијо
Радувај се Македонијо! Портите за нашето полноправно членство во НАТО се отворени, порача премиерот Зоран Заев на својот ФБ профил во врска со одлуката, која ја донесоа денеска на првиот ден од Самитот на НАТО во Брисел, лидерите на земјите-членки да ја поканат Македонија да ги почне преговорите за пристапување.
- Попладнево, земјите членки на НАТО одлучија да ни упатат покана Република Македонија да го започне пристапниот процес за членство во Алијансата. Нашите партнери и пријатели денеска ни оддадоа признание. Препознаена е силната посветеност, исполнети се сите критериуми, нагласи премиерот.
Тој истакна дека денеска е голем, историски ден за Република Македонија.
- Ветувам дека ќе донесеме уште добри вести и во периодот пред нас, во интерес на сите граѓани на нашата земја, додаде премиерот, кој гостува како говорник на конференцијата NATO Engages во рамки на Самитот во Брисел.
Ново на Сител
-
Кривична пријава за жител на Росоман за посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи
-
Таравари демантира дека вчера имал тајна средба со Ахмети, на која добил понуда од него
-
Во германските продавници пронајдени се над сто килограми кокаин во пратките со банани
-
Тошковски во посета на ЕВР Центар и Бит Пазар
-
Грчката Влада ја остава отворена можноста да ѝ помогне на Франција со противвоздушни системи за време на Олимписките игри
-
Норвешка донираше 76 неборбени моторни возила на Македонија
-
Моментно нема индикатори за нов ценовен бран, оценува бизнисот
-
Би-Би-Си на српски: Оствари ли опозицијата недостижна предност пред вториот круг гласање