Заев: Верувам дека Собранието навреме ќе го ратификува Протоколот за НАТО

Премиерот Зоран Заев денеска, одговарајќи на новинарско прашање во врска со изјавата на претседателот на Собранието Талат Џафери дека Собранието ќе биде распуштено на 11 февруари, изрази уверување дека ратификацијата на Протоколот за членство на Северна Македонија во НАТО ќе биде завршена навреме и во нашиот законодавен дом.
– Јас верувам дека навремено ќе стасаме со оваа работа. Државата се подготвува, ние со нашите институции, во случајов Прламентот, да не бидеме пречка. Тоа значи на време Парламентот да го донесе новиот закон за одбрана. Тоа е важно затоа што преку него се адаптираме на сето она тоа што е обврска како нова членка на НАТО, а секако и навремена ратификацијата на Протоколот во нашиот Парламент, истакна Заев.
Премиерот посочи дека е голема чест што САД ја завршија ратификацијата на Протоколот за НАТО, што традиционално тие го спроведуваат последни.
– Претседателот Џафери е конечен во својата одлука кога и да реши да го распушти Собранието. Апелот на сите лидери кои бевме кај претседателот Пендаровски беше да го искористиме законскиот рок од 45 дена за да имаме секако резерва кога ќе го ратификуваат сите земји Оротоколот, да не испадне да дојде до нашиот парламент, а тој не може да го ратификува, рече Заев.
Претседателот на Собранието Талат Џафаери денеска на брифинг со новинарите им порача на политичарите да се раководат од Уставот во однос на денот на изборите. Тоа значи 60 дена од денот на распуштање на Собранието, кое доколку бидат испочитувани сите законски рокови би било на 11 февруари. Веднаш потоа претседателот на законодавниот дом Талат Џафери ќе ги распише предвремените парламетрани избори што треба да се одржат на 12 април.
Според првиот човек на законодавниот дом, не постои можност да се свика Собранието доколку има потреба да се ратификува Протоколот за членство во НАТО. За тоа, рече Џафери, ќе треба да се чека на новиот собраниски состав.
Ново на Сител
-

Ристески: Лани отворени нови 15.000 работни места, историски најмала невработеност од осамостојувањето
-

Првиот технолошки парк во Македонија- вештачка интелигенција која решева реални проблеми
-

Генералка викенд
-

Преглед на вестите од светот
-

Отворен иновативниот парк N99 Deep Tech Park
-

Тема на денот со Васко Наумовски, поранешен вицепремиер за евроинтеграции
-

Румен Радев е нов премиер на Бугарија, односите со Македонија не беа дел од првото обраќање
-

Македонија без многу очекувања од новата бугарска Влада
