Македонија
21. November 2020 - 16:32

Заев тврди дека македонскиот идентитет е црвената линија, ВМРО-ДПМНЕ го обвинува за распродажба на идентитетот

Секое прашање за македонскиот идентитет е црвена линија, вели премиерот Зоран Заев во интервју за новинската агенција Франц Прес. Заев додава и дека источниот сосед му донел „непријатно изненадување“. Но изрази надеж дека е можен чекор напред.

- Блокадата на Бугарија за соништата на Северна Македонија за влез во Европската Унија е спротивна на вредностите на блокот и предизвика „многу горчина кај нас“. Секое прашање на македонскиот идентитет е „црвена линија“. Тоа е прашање на самоопределување кое е во срцето на европскиот проект.

На ова реагираше опозицијата. Од ВМРО-ДПМНЕ за ветото велат дека Заев дома ветувал датум, а на Бугарија идентитет.

Остануваат уште две недели можност, за  договор меѓу Македонија и Бугарија, за старт на преговорите на земјавта со ЕУ, во рамките на германското претседателство.