Македонија
12. November 2019 - 21:17

Заев: Треба да ги следиме успешните модели низ светот за Попова Шапка

На владината седница во Тетово ќе се дискутира и за Попова Шапка со оглед дека физибилити студијата дава повеќе опции за избор. Премиерот Заев порача дека сака да ги следи успешните примерите со вакви модели.

-Физибилити студија покажува три алтернативи. Едно е државата да продолжи да работи, но тоа ќе трае бидејќи државата е слаб менаџер и не ги знае сите аспекти на туристичка понуда, а имаме аеродорм под 100 километри, ваква локација нема во регионот. Второ е јавно приватно партнерство во делот на жичарите и продажба на хотелите и третиот е јавно-приватно партнерство. Верувам аналитичарите ќе пресечат најдобар модел, не сака држава да ќари пари туку да има модерен ски центар зошто е важно за БДП, за нови места работни, за економијата. Ако ме прашувате мене би го следел примерот на успешните држави во ваквите модели. Би посакал Швајцарија, Франција и Германија да инвестираат тука.

На новинарските прашања зошто не се градат дополнителниот објект за гимназијата и основното училиште во Мала Речица, Заев со одговор дека пари се обезбедени и скоро ќе почне изградбата.

-Составен дел од програма е изградата на Кирил Пејчиновиќ и основно училиште во Мала Речица. Има одбренија за градба од општината, верувам дека сектор за инвестиции во МОН ќе даде соодветени одобренија за тоа.

Градоначалничката Теута Арифи рече дека ваквата соработка со Владата за општината значи повеќе успех.

-Се покажува логиката на рамномерен развој но исто така за еднакви инвестиции за сите региони, не само на Владата туку на сите засегнати страни во општеството. Оваа соработка дава поголеми резултати бидејќи со заедничка поддршка промовираме многу работи. Проектите и и идеите се важни за граѓаните но и за процесите што претстојат птворање поглавја со Европска унија каде обврски на влади и општини стануваат многу големи, рече Арифи.

Премиерот Заев рече дека во соработка со општина Тетово ќе се решава намерата за градба на обиколница на Тетово кон Јажинце.