Македонија
18. July 2021 - 11:11

Заев: Правото на материјално обезбедување ќе го остварат уште најмалку 1100 стечајци

 Со измените на Законот за стечјаци, правото на материјално обезбедување ќе го остварат уште најмалку 1100 стечајци, објави премиерот Зоран Заев на неговиот ФБ-профил.

Заедно со претходните законски решенија, напиша тој, вкупниот опфат на стечајци што го оствариле или ќе го остварат правото на надомест во висина од 9.242 денари до нивното пензионирање, е близу 13 000 лица.

– Определбата на Владата за спроведување социјални политики насочени кон сите наши граѓани од ранливите категории, како што се стечајците, пензионерите и невработените, продолжува и во наредниот период, објави Заев на Фејсбук.