Македонија
15. July 2019 - 13:38

Заев: Повикува на лидерска средба во петок

Премиерот Зоран Заев јавно повикува на лидерска средба во 14 часот во петок во клубот на пратениците. Причината за лидерската се евроинтеграциите. 

- Краток е рокот до октомври и треба да се искористи времето. Повикувам и овој пат сите заеднички да ги донесеме големите одлуки. -  изјави Заев.

На лидерската средба се поканети лидерите на ВМРО-ДПМНЕ, ДУИ и Алијансата за Албанците. Понатаму премиерот најавува средби и со други партии. Приоритетни теми се: нов изборен законик со нов изборен модел, да се усогласи законот за јавно обвинителство со иднината на СЈО и да се постигне конзенсус за успешен попис.

 

Катерина Нешкова