Македонија
27. December 2017 - 16:58

Заев: НАТО е важен за економијата и економските придобивки за граѓаните

- Постојат повеќе причини зошто Македонија со приближно 75,80 отсто определени граѓаните е за НАТО и ЕУ, а со тоа и оваа Влада и сите политички субјекти во државава се во тој правец, рече премиерот Зоран Заев на денешната прес - конференција одговарајќи на прашање.

Посочи дека една од најважните причини е економијата и економските придобивки за граѓаните.

- НАТО да, значи безбедност и стабилност, НАТО пред се значи економски раст, економски инвестиции, работни места, поголеми плати и перспективи пред се економски, истакна Заев.

Како пример од најблиското соседство ја посочи Бугарија, каде по параметрите коишто ги имаме изучувано до своето членство во НАТО има странски инвестиции во просек од околу 450 милиони евра. Во контекст на тоа, додаде дека кога станува земја членка на НАТО инвестициите растат повеќе од шест милијарди. 

Во Албанија пак, како што истакна, инвестициите се пет пати зголемени во наредната година откако таа стана членка на НАТО. 

- Ова го кажувам заради важноста од многу аспекти. Пред се од економскиот аспект да се биде членка на НАТО да се одбие охрабрување многу значајно за домашните и странските инвеститори којшто се вика датум за отпочнување преговори со ЕУ, рече Заев. 

Во овој период, како што додаде, се наоѓаме во фаза во која што првата беше скарани во регионот, скарани со сите соседи, до конечната цел полноправни членки во НАТО и ЕУ.

- Во моментот сме пријатели, пријатели сме со сите, тоа е мала земја, своите перспективи не може да ги гледа само на нашиот пазар. Затоа е битен извозот, подвлече премиерот.

Ние, како што рече, преку пријателска атмосфера ќе промовираме услови коишто се охрабрувачки. - Некој да заложи дома се што има, да земе кредит, да инвестира во Македонија за да плаќа даноци, да дава плати и кога ќе заработи тој профит пак да го даде во нови плати и во нови даноци, додаде тој.

Според Заев мора да постои атсмофера на пријателство и тоа може да биде само дополнето со членство во НАТО и ЕУ