Македонија
23. April 2019 - 16:15

Заев најавува „чистка“, ДУИ ќе оди од врата на врата

Ден по првиот круг од изборите Заев најави чистка на партиски и државни функционери. веднаш по најавата ја доби и првата метла.

Не до чистката, туку проблемот е до тој што треба да исчисти, а името му е Зоран Заев, експресно одговори лидерот на опозицијата.

Ветувањето дека ќе расчисти со двајца министри осомничени за корупција во неговата влада уште пред две години, не ги даде некој друг туку токму Зоран Заев. Нема резултати.

Тој ги изневери и излажа граѓаните. Ја донесе апатијата и разочараноста во државата.

Ставот дека сите други погрешиле, но само тој е чист, е потценување на граѓаните и затоа на 5 мај мора да добие лекција, напиша Мицкоски на facebook.

По поразот кој СДСМ во првиот круг го претрпе во Скопје, градоначалникот Шилегов вели дека пораката на граѓаните е сфатена, но Пендаровски не треба да биде казнет заради туѓи грешки. 

Пораката од граѓаните ја примивме, секој од нас кој остварува јавна функција и е избран од граѓаните треба да чувствува одговорност кон нив. Процесот на утврдување и на индивидуални одговорности е веќе започна во СДСМ. Благодарност до граѓаните за оваа опомена што ни ја испратија. После изборите ќе се утврдува поединечна одговорност и на локално ниво. Но, сакам да испратам порака ако граѓаните не биле задоволни од владеењето на СДСМ не треба да ја казнуваат нашата држава, претседателскиот кандидат и да се вратиме наназад“, рече Шилегов.

Коалицискиот партнер на СДСМ пак останува на ставот дека дале клучен придонес во победата на Пендаровски. Од ДУИ најавуваат дека за уште поголемо водство во вториот дел од кампањата поддршка за Пендаровски ќе бараат од врата на врата за да ги мотивираат партиските структури.