Македонија
16. May 2019 - 17:25

Заев на гости кај Пендаровски

Премиерот Заев и новоизбраниот претседател Пендаровски се договарале да работат усогласено за побрз влез на земјата во ЕУ и НАТО. Првата официјална средба се случи зад затворени врати. Двајцата разговарале за актулените случувања во државата и се заложиле за конкретна и суштинска соработка.

Претседателот и Премиерот ја нагласија потребата за усогласен и заеднички настап на меѓународен план и интензивирање на реформските процеси во државата со цел остварување на европските и евроатлантските перспективи на Република Северна Македонија и подобрување на животниот стандард на граѓаните.

Прес службите не открија дали тие разговарале и за законите кои не добија потпис од поранешниот претседател Иванов. Дел од не потпишаните укази се однесуваа на закони со кои се предвидуваат  реформи во правосудството.

Премиерот Заев и лично му посакал успешна работа на претседателот Пендаровски на чија инагурација не присуствуваше. Во неделата тој не дојде во Вилата Водно бидејќи како што изјави премиерот,  единствено тогаш можел да ги искористи слободните денови за мини одмор надвор од државата. Нивната тет а тет средба е на неколку дена откако официјално Стево Пендаровски стапи на функцијата како петти претседател на државата.