Македонија
6. May 2021 - 16:47

Заев: Кампањите од јавен интерес се неопходни

Владата има  интерес од кампањи во медиумите кои се од јавен,  а не од  политички и владин интерес. Премиерот Заев вели дека кога тоа може да го прават  Европската унија и Уницев,  зошто државата  да  не може да го прави преку домашните медиуми. Ова следува по реакциите од граѓанските организации и медиумски здруженија за  најавените  законски измени со кои ќе престане да важи забраната за рекламирање во медиумите од страна на јавните институции.

Тој најави дека во следниот период ќе разговара и со медиумските работници. Смета дека кампањите од јавен интерес се  од голема важност особено сега во време на пандемија кога се неопходни важни информации за вакцинацијата.

Заев посочи дека никогаш повеќе нема да има во медиумите владини и политички кампањи, туку само  од јавен интерес.

Претходно владата најави дека ќе се формира и медиумски фонд за проекти од јавен интерес. Обезбедени ќе бидат помеѓу 1, 5 и 2,5 милиони евра на годишно ниво.