Македонија
20. July 2019 - 16:34

Заев го менува мобилниот и дел од советниците по скандалот со лажниот Порошенко

Премиерот Зоран Заев ќе разговара на нов телефон а го менува и бројот.. По скандалот со лажниот Порошенко, од владата информираат дека Заев и неговиот кабинет ги зајакнуваат мерките на безбедност при остварување на телефонските повици.. Според писменото соопштение има унапредување на протоколите и правилата за спроведување телефонски разговори во кабинетот кои ќе овозможат заштита на комуникациите на премиерот..

„Како дел од мерките за безбедност и вниамтелност во дигиталните и телефонските комуникации, во рамки на кабинетот на премиерот променети се дел од техничките уреди, вклучително и мобилните телефони и боревите на мобилните телефони на премиерот  и на дел од неговите соработници“ , се вели во владиното соопштение..

Промените во телекомуникациската опрема не се единствените измени за заштита на разговорите кои ќе ги води Премиерот Заев..  Тој го разгледал и работењето на своите советници и соработници.. Иако по скандалот изјави дека никој од нив не бил одговорен за лажните разговори кои го водел со руските комичари, сега Заев најавува дека дел од неговите советници ќе ги напуштат позициите..

„Премиерот направи и анализа на професионалност и ефикасноста на ангажаманите на своите советници и соработници, врз основа на што на дел од ангажираните лица ќе им се заблагодари за досегашната соработка“, се вели во соопштението на владата..

Пред неколку недели двајца руски пранкери објавија телефонски разговорИ со премиерот Заев во кои му се претставуваат како украинскиот претседател Порошенко и генералниот секретар на НАТО, Столтенберг.. Лажната комуникација траела повеќе од една година..