Бизнис
30. March 2019 - 9:07

Заев, Анѓушев и Сугарески ќе остварат средба со стопанствениците од Пелагонискиот регион

 Премиерот Зоран Заев, заменик-претседателот на Владата задолжен за економски прашања Кочо Анѓушев и министерот за транспорт и врски Горан Сугарески, денеска ќе се сретнат со стопанствениците од Пелагонискиот регион, односно со членките од Регионалната комора со седиште во Прилеп и Регионалната комора со седиште во Битола.

Од владината прес-служба најавија дека е предвидена и средба со градоначалникот на Општина Прилеп, Илија Јованоски.

Владината делегација ќе изврши увид на изградбата на гасоводната траса Штип-Неготино/Кавадарци-Прилеп-Битола во месноста Беловодица.