„Заедно седеа во клупа, заедно заминаа кај ангелите“, наставничка емотивно се прости од Никола и Матеј кои загинаа во пожарот
Наставничката Елена Накова со емотивна објава на Фејсбук се прости од нејзините ученици Никола и Матеј, кои загинаа во пожарот во дискотеката во Кочани.
Драги деца, не можам да поверувам на сопстветните очи и уши дека повеќе ве нема, не можам да го заборавам моментот кога бевте IX В одделение, кога бев ваша наставничка, моментот кога седевте во иста клупа.
Николче, мило дете со твојата мила насмевка и посветеност секогаш ме воодушевуваше, од вчера ми звони во ушите твојата рецитација на песната „Која ја љубев Дениција“, која ја вежбавме за една училишна активност. Ах ах ах , Матејче уште во понеделник па последователно секој ден на излегување од училница ме испраќаше со зборовите „Убав виќен наставничќе“ иако видендот беше далеку.
Еее токму овој викенд беше најлошиот викен за мене бидејки ја слушнав кобната случка и уште покобното сознаение дека многу млади деца и нечии мили деца нема да бидат веќе со нас! Патувајте мирно кон ангелите, нека Господ Бог ве приме во царството небесно и да продолжите да ја ширите позитивната енергија кај ангелите!
Патувајте безгрижно кон вашиот нов дом, бидејки ние за Вас имавме и ќе имаме само убави спомени, а спомените никогаш не заминуваат како што и вашата присутност мегу најблиските, напиша наставничката.
Ново на Сител
-
Следната недела ќе бидат познати кадровските решенија по заминување на АА од Владата
-
Мицкоски: Ако има зголемени цени, можно е враќање на замрзнатите маржи
-
Врховен суд ја укина пресудата против Васил Јованов за поседување и трговија со наркотици
-
Основните и средни училишта во Кочани должат 10,5 милиони мкд кон КПЈ „Водовод“
-
Преглед на вестите од светот
-
Вечерва заседава извршниот комитет на ВМРО ДПМНЕ
-
Вечерва заседава извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ
-
Тема на денот со Тимчо Муцунски, министер за надворешни работи