-->
-->
Заеднички воени вежби на САД и на Кина за хуманитарна помош
-->
Армиски единици од Кина и на САД одржуваат денеска во Кунминг на југ во Кина, заеднички воени вежби со цел подобро координирање на одговор на хуманитарна катастрофа и изградба на доверба меѓу двете војски.
Американско-кинеските вежби од тој тип се организираат од 2005 година како дел од напори со цел изградба на доверба и координација во момент кога двете влади често се спротиставуваат поради спорови во Јужното Кинеско Море и на други места.
Вежбите ќе траат една недела. Покрај тие вежби, војските на САД и на Кина одржуваат заеднички поморски вежби во близина на хавајскиот брег и други ограничени мултинационални вежби претежно насочени на помош во хуманитарни катастрофи.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
МФ: Исплатата на плати, како и другите буџетски расходи се реализираат врз основа на обезбедени средства во буџетот
-
САД најавуваат 2,2 милијарди долари за ново оружје и муниција за Украина
-
На 9.април ќе се трча 11.то издание на Женска трка
-
Почина модниот креатор Пако Рабан
-
Почина Гоце Камчев, основач и претседател на „КАМ маркет“
-
Уапсен 19 годишник од Слупчане - при претрес во неговиот дом била пронајдена дрога
-
Кина: Наводниот шпионски балон над САД е метеоролошки уред
-
Мицкоски: Власта не ги решава проблемите на земјоделците