Македонија
25. January 2019 - 21:40

Забрана за камиони на патиштата Кичево-Охрид преку Пресека, Крива Паланка-Деве Баир и Македонски Брод-Прилеп

Забраната за движење на тешки моторни возила вечерва е воведена на патните правци Кичево – Охрид преку планискиот премин Пресека, Крива Паланка – Деве Баир и Македонски Брод – Прилеп преку планинскиот премин Барбарос, информираат од ЈП Македонија пат.
 
Патниот правец Росоман – Прилеп, како што се посочува, е во прекин поради превртено возило на ЈП Македонија пат.
 
Од 19:30 часот патниот правец Демир Капија – Гевгелија се пренасочува по стариот пат, поради сообраќајна незгода, наведуваат од ЈП Македонија пат.