Забрана за камиони и автобуси на патот Тетово-Попова Шапка
Забрана за тешки товарни возила и за автобуси има на патниот правец Тетово-Попова Шапка. За останатите возила задолжителна е употреба на зимска опрема, соопшти попладнево Автомото сојузот на Македонија (АМСМ).
Претходно беа укинати забраните за тешки товарни возила на патиштата Струга – граничен премин Ќафасан, Стража–Кичево, Крива Паланка - граничен премин Деве Баир и крак Маврово – Дебар.
Сообраќајот на државните патишта се одвива по влажни коловози, наместа со остатоци од кашест снег на коловозот по интервенција на дежурните екипи од Македонија пат. Слаб снег провејува во Крива Паланка, Маврово, Дебар, Стража и Кула.
АМСМ препорачува исклучително внимателно возење, прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и планирање на патувањето според временските услови. Посебно внимание е потребно на делниците кои минуваат низ клисурите и засеците, особено на патните правци Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Гостивар – крак Маврово - Стража, Демир Капија – Удово и Виница – Берово, каде е можна почеста појава на одрони.
Во сила е законската обврска за задолжително поседување зимска опрема во возилата, без оглед на моментната временска состојба.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини нема подолги задржувања за влез и за излез од државата.
Ново на Сител
-
Неврохирург со амбиција за промени во општеството | Венко Филипче | Неформално | Sitel Podcast 028
-
Вработена во битолско средно училиште нападната од колешка
-
Поради одржување предизборни митинзи в сабота и недела изменет режим на сообраќај во Скопје
-
Во општините Дебар и Центар Жупа повеќе гласачи од жители
-
Тепачка помеѓу две колешки во средно училиште во Битола
-
Вчера пријавени два различни случаи на физичко насилство на Бит Пазар
-
Приведени сопружници од Скопје
-
Во Прилепско во тек се теренски акции за имунизација