Бизнис
18. October 2019 - 17:26

Забавувањето на светската економија може да биде ризично за домашната

Ризици има, но тие не се толку силни за да нанесат тежок удар врз македонската економија. Според последниот извештај на ММФ, глобалната економија забавува пред се заради трговската војна меѓу Кина  и САД. Гувернерката Бежоска во интервју за Гласот на Америка вели дека извозот од Македонија кон овие две земји е 1% од вкупниот извоз и затоа последиците не би биле силни, но ако кризата се прелее на европскиот континент, ризикот е поголем. Посебно значајна за нас има германската автомобилска индустрија каде извезуваат новите фабрики од зоните.

Во моментов ММФ проценува дека светската економија покажува слаби знаци какви што немало од глобалната криза пред една деценија. Тогаш кризата во земјава се пресели малку подоцна, а експертите велат дека овој пат тоа нема да биде толку силно затоа што финанисискиот пазар е многу поинтегриран со европскиот, а инвеститорите попретпазливи.

ММФ во последниот извештај прогнозира раст на БДП до крајот на годината од 3,2% што е нагорна проекција во однос на апрлискиот извештај, иако очекувањата за светската економија се полоши.