За залихи на гас на Германија ќе и бидат потребни повеќе од 15 милијарди евра
Кредитните линии во вредност од 15 милијарди евра обезбедени од германската Влада за купување гас за залихи можеби не се доволни, предупреди Клаус Мулер, шефот на германското енергетскско регулаторно тело во интервјуто за деловниот неделник „WirtschaftWoche“.
Германија го подигна нивото за криза за гас на тревога откако руски „Гаспром“ за 60 проценти ги намали испораките преку гасоводот „Северен тек 1“. Причина за намалувањето на испораките наводно е доцнење на опремата доставена до „Сименс“ на поправка. Пумпите испратени на репарација во Канада останаа блокирани поради санкциите воведени кон „Гаспром“.
Во меѓувреме Владата во Берлин најави 15 милијарди евра за полнење на складиштата со гас. Се очекува магацините што моментално се исполнети со околу 60 проценти до октомври и ноември треба да бидат полни до 80 односно 90 проценти.
„Најавените 15 милијарди евра можеби нема да бидат доволни за да се наполнат германските складишта за гас до зимата, бидејќи цените би можеле да се зголемат уште повеќе поради намаленото снабдување“, предупредува Мулер.
Тој посочи дека колку повеќе се зголемуваат цените на бензинот, толку поскапо ќе биде исполнувањето на пропишаното ниво на залихи во октомври и ноември.
Германското стопанство исто така би можело да се соочи со недостиг во следните месеци доколку гасот повторно не протече низ „Северен тек 1“, по завршувањето на предвидените активности на негово одржување, предупреди Мулер.
„Судејќи според нашите неодамнешни искуства со Русија, би било неодговорно да се претпостави дека сè ќе се реши само по себе“, вели тој.
Ново на Сител
-
Загина возач откако со возилото излетал од пат
-
Просечната нето плата во јуни 31.869 денари
-
101.174 лица со право на глас за градоначалник во Маврово Ростуше и Центар Жупа и за советници во Тетово
-
Мал процент на откажани летови на македонските аеродроми, зголемени трошоците за патување
-
Фрлена бомба во Сараево, полицијата трага по сторителите
-
Од утре нестабилно време со пороен дожд и грмежи
-
Големо невреме во Словенија: Ветер од 100 км/ч откорна кров на зграда | ВИДЕО
-
Претреси на подрачјето на СВР Штип, приведени седум лица