Македонија
9. March 2019 - 16:10

За што ќе зборуваат Заев и Мицковски на Прочка?

На Прочка во 20 часот Заев и Мицкоски на лидерска средба во Владата.

Премиерот очекува фокусот да биде ставен на претојните претседателски избори.

Опозицијата има поголеми очекувања. Партиски извори велат дека Мицкоски ќе ги реафирмира барањата за избор на јавен обвинител на предлог на опозицијата и ќе ги презентира бројните забелешки кои  во ВМРО-ДПМНЕ ги имале на предлог законот за СЈО.

Од партијата велат дека ќе се бараат гаранции за фер изборен процес и демократски амбиент кој нема да дозволи повторување на ситуацијата од референдумот кога на одредени гласачки места на секои 2 секунди гласаше по еден гласач.

Заев и Мицкоски последен пат се сретнаа пред 8 месеци кога главна тема на разговор беше предлогот на премиерот земјава да се вика Илинденска Македонија.