Бизнис
19. јуни 2019 - 20:43

За поголема конкурентност излез на светски пазари, неопходна е имплементација на ИТ технологии

Дигитализацијата е неопходна за развој на компаниите и освојување на странските пазари. Од Сојузот на стопански комори велат дека фирмите од земјава малку инвестираат во нови ИТ технологии, а не е доволно застапена ниту трговијата преку интернет. Велат дека имплементацијата на нови дигитални технологии не е евтин процес, но придобивките се големи.

- Финансиско оптоварување има за секоја фирма одделно и е индивидуално, но растот е неминовен и вложувањето им се враќа. Сите што спровеле процес на дигитализација регистрирале просечен раст од 26%. Најголем раст може да има за малите и средни претпријатија

Од ИКТ секторот велат дека дигиталното работење освен компаниите, неопходно е да го имплементираат и институциите. Тоа, според нив, не значи дека ќе се намали бројот на работници.

- Веќе е извесно дека за компанија да излезе надвор на странските пазари не може да се случи  без нови технологии. Воведот во дигитализацијата ќе ги замени ниско квалификуваните кадри, но ќе има потреба од високо квалификувани кадри

Бројките покажуваат дека не само во Македонија, туку во сите држави од Западен Балкан, само 10% од работењето на компаниите е дигитализирано.