Loading Video...
Фудбал
6. September 2019 - 18:46

За победа недостасуваше Пандев?!

Македонската фудбалска репрезентација  одигра нерешено 1-1 на гостувањето кај Израел  иако во финишот имаше колосална прилика да освои цел плен за подобар пласман во европските квалификации.

Иако  фудбалските познавачи често го потенцираат квалитетот на оваа генерација фудбалери за жал полека го губиме чекорот за врвот и во овој квалификациски циклус.  Шансата да се вратиме на колосекот  беше токму дуелот со Израел каде беше потребна победа и со успех на следното гостување во Летонија да се вратиме со максимални 6 бода кои би ни ги одржале шансите за второто место во групата.

          Македонија вчера играше тактички мудро со Израел кој го отвори резултатот со погодокот на Захави  откако ние не ги искористивме шансите. Но голот на Адеми брзо не врати во игра за победа а клучната шанса ја подготви  капитенот Пандев кој реализацијата му ја остави на помладиот на Елмаз кој не успеа да поентира и да ни донесе победа.

          Селекторот  Игор Ангеловски по мечот изјави дека бодот е значаен доколку се победи Летонија, но останува впечатокот дека испуштивме победа.  Штета што Пандев и Тричковски не можеа да одиграат 90 минути- категоричен е Ангеловски

          Репрезентацијата денеска пристигна во Рига каде во пон. Го игра дуел со Летонците.