Живот
7. March 2019 - 11:40

За неколку минути илјадници пчели му го нападнале автомобилот

Маж од Кина доживеа шок кога го затекна својот автомобил прекриен со рој пчели.

Ваков несекојдневен инцидент се случил на 25. февруари, мажот бил збунет кога неговиот автомобил на паркинг го прекриле пчели.

Неговата неволја траела цел час, пред локалниот пчелар да дојде на местото и да извади две пчели матици од автомобилот, после што и останатите заминале.

Тој верува дека пчелите долетале од блиската кошница. Според пчеларите, тие можеби биле соочени со недостиг на храна. Кралицата може го заменила мирисот на автомобилот со мирис на цвеќе и се обидела да направи нова кошница, која привлекла голем број пчели воп автомобилот.