-->
-->
За еден килограм можете да заработите 300.000 евра: Ова се најгрдите печурки на светот, но ако ги најдете можете да се збогатите
-->
Тартуфите, печурки со грд изглед, вредат цело мало богатство. Иако оваа печурка на око нема убав изглед, вреди цело богатство, поради тоа ја нарекуваат цар меѓу печурките.
Тартуфите се најскапа печурка на светот, многу се вкусни и познати се по своите лековити својства. Растат под земја и зависат од околната вегетација од која црпат јаглени хидрати.
Најмногу им одговара средниот појас на Русија, Италија и југот на Германија.
Не е лесно да се најдат, а кучињата и свињите се најдобри трагачи во светот на животните.
Во стариот Рим цената на тартуфите се одредувала со злато, за еден грам тартуф се добивал еден грам злато.
Пред пола век во Франција се пронајдени 1.300 тони, додека последните години просекот е околу 30 тони.
Најскап во историјата е тартуф со тежина од 1,3 килограми, кој купувачот го чинел 330.000 евра.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Во Велес и Велешкo до 9 часот излезеноста е 4,97 проценти
-
Излезноста до 9 часот изнесува 3,85 отсто
-
Медиуми: УЕФА ќе дозволи 26 фудбалери на ЕУРО2024
-
Тајланд сака да биде домаќин на трка во Формула 1
-
Маж во САД ги убил сопругата и трите деца по што се самоубил
-
Наставниците во Тенеси ќе можат да носат пиштоли на училиште
-
Може да гласаат и граѓаните со истечени лични документи од 24 јули 2023 година
-
Упатство за гласање на претседателските избори